Двокреветна соба со страничен поглед

(капацитет 2+1)

Овој тип на соба се истакнува со најпространите балкони во хотелот. Нуди идеална комбинација од мир, пространост и комфор, надополнета со прекрасен комбиниран поглед: од една страна кон претседателската вила, а од друга страна кон живописниот Охридски Залив и градското пристаниште.

Големите и комотни балкони едноставно Ве мамат да го поминете денот на нив – уживајќи од првите утрински сончеви зраци, па сè до приквечерното галење на свежиот планински воздух кој доаѓа од Галичица.

Простор, капацитет и комфор

Со површина од околу 40 m², оваа соба е совршена за викенд–престој и нуди одличен комфор за мало семејство со мали деца.

  • Капацитет: Еден брачен кревет (кој на Ваше барање може да се раздели на два посебни кревети).
  • Дополнителна опција: Собата располага со удобна софа која по потреба се претвора во комотен дополнителен кревет.
  • Флексибилност: Специфичната положба нуди можност за избор на страна на погледот, според желбите и афинитетите на гостите.

Аменити и опрема

За ваш совршен престој, собата располага со:

Содржини и опрема

За Вашиот беспрекорен престој, собата располага со:

Искуство на нашите гости:

Ве молам, направете ни резервација за истава соба и за нашата следна прилика!