РЕСТОРАН

Со 110 места внатре и исто толку на терасата пред ресторанот, Парк Лејксајд хотелот „паркиран“ на самиот брег на Охридското Езеро е идеално место за сите ваши помасовни собири во кои би сакале да ја делите радоста со вашите најблиски на една од најубавите локации на охридската ривиера. Вашата среќа ќе биде уште поголема на локација како нашата каде историјата и иднината живеат во иста соба.