3 РЕЗИДЕНЦИЈАЛНИ АПАРТМАНИ

За сите кои имаат желба за уживање во ултра-комфорт со задоволство ги нудиме трите резиденцијални апартмани од кои на крајот на вашиот престој ќе се разделите со тешко срце. Кој не би сакал да престојува во пространство опремено да одговори и на вкусевите на најпребирливите? Во резиденцијалните апартмани ви нудиме гарнитура за дневен престој под клима за оној дел од денот кога би сакале да одморите од нашата плажа, чувствувајќи ја топлината на просторот кој ќе ве прифати како да сте го граделе самите за да живеете во него со години. Се разбира дека ви следи и трпезариската маса за оние вечери во кои сакате повеќе интима. Стандардните содржини како нестандардно преубавиот поглед од терасата се подразбираат кога е во прашање нашиот хотел.


27 АПАРТМАНИ

Секој еден од нашите 27 апартмани кои со задоволство ви ги нудиме се дизајнирани за да ги задоволат сите ваши потреби. Нашиот хотел е неконвенционален во функција на луксузот, па покрај сите современи технологии кои ги имате на располагање и погледот од милион долари, во нашите апартмани ќе се чувствувате комотно и добро како да сте дома - доколку вашиот дом е голем, покрај езеро и имате луѓе кои се грижат да не ви фали ништо: од клима, преку интернет конекција до трпезариска маса и тераса од која можете да го фрлите погледот кон езерското синило и задоволно да го чекате да ви се врати.


19 ДВОКРЕВЕТНИ СОБИ

Баравте хотелска соба која по своите димензии и дизајн одговара на мал стан? Ја најдовте. Ги имаме 19 на број и секоја од нив е опремена за ваше максимално уживање. Кога мислиме на уживање, мислиме на комплетно уживање. Се разбира дека во пакетот добивате опција да одберете соба со трпезариска маса, тераса со прекрасни визури кон синото езеро и магичниот град кој ви е на дофат на раката.

ac bed breakfast computer 24/7 hairdrier hanger laguage donotdisturbe iron laundry laundry laundry laundry laundry laundry laundry laundry